Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Важно е сајбер безбедноста да не се третира како трошок во една држава, туку како инвестиција, вели Грковска

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
e026d2bb-a661-464d-8d90-f8a911efc4a7

Заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска денеска директно од Талин, Естонија, онлајн гостуваше во емисијата „Утрински брифинг“, на електронскиот медиум „Слободна ТВ“, на која зборуваше за важноста на сајбер безбедноста и естонските искуства во овие процеси на дигитална трансформација на општеството.

— реклама —

„Многу е важно денес да се зборува и да се посвети внимание на сајбер безбедноста имајќи ги предвид последните предизвици со кои се соочува светот глобално. Искуството што Естонија го има е непроценливо, знаењето исто така. И за нас соработката со нив е исклучително значајна. Важно е да најдеме модел и начин како да ја зголемиме свесноста за опасностите кои дигиталниот свет ги носи. Дигитализацијата и сајбер безбедноста одат едно со друго затоа што во ситуација кога ги нудиме дигиталните услуги на граѓаните, треба исто така да им нудиме доверба дека користењето на таквите електронски услуги е безбедно, дека нивните податоци ќе бидат заштитени“, потенцираше вицепремиерката.

— реклама —

Во интервјуто вицепремиерката нагласи дека е многу важна политичката волја за да се стави ова прашање како приоритет. Важно е сајбер безбедноста да не се третира како трошок во една држава, туку како инвестиција.

— реклама —

Грковска ја нагласи и потребата од соработка со бизнис секторот, посебно во делот на пријавување на сајбер напади.

— реклама —

„Би требало да зборуваме и многу да работиме на зголемување на свесноста од сајбер нападите. Неопходна е соработката со бизнис секторот затоа што бизнис секторот треба да биде свесен за ваквите опасности, меѓутоа и да има храброст да пријавува за да може да бидат регистрирани и да се детектираат слабостите во системот, што довеле до тоа да бидат нападнати. Искуството во сите држави е исто дека приватните компании, во страв да не го нарушат својот углед во јавноста, најчесто не ни пријавуваат кога ќе бидат соочени со сајбер напад, што е грешка“, истакна вицепремиерката Грковска.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања