„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Важно известување од кризниот штаб на општина Охрид!!!

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија

Од денешниот состанок на Кризниот штаб на Општина Охрид за превенција и справување со Корона вирусот Ковид 19, во согласност со  мерките и препораките на Владата на Република Северна Македонија за ограничено движење, беа донесени следните заклучоци:

— реклама —

  • Се упатува известување до сите маркети и економски оператори на територијата на Општина Охрид кои се регистрирани за он-лајн продажба, дека ќе може да вршат достава на намирници за итни и неодложни потреби за време на Полицискиот час во текот на викендот. Истите задолжително мора да испратат барање до Кризниот штаб на Општина Охрид на следната електронска адреса krizen.stab@ohrid.gov.mk најдоцна до утре (среда) до 12 часот. Ќе биде дозволено движење на максимум 5 вработени лица (доставувачи) од маркет, кои треба да имаат соодветна заштитна опрема.
  • Се упатува известување до сите Аптеки на територијата на општината кои ќе работат за време на Полицискиот час за време на викендот, задолжително да ги испратат потребните податоци на електронска адреса krizen.stab@ohrid.gov.mk најдоцна до утре (среда) до 12 часот. Ова е потребно за навремена координација со мобилните тимови на Општина Охрид и Охридскиот Црвен крст и СВР Охрид.
  • Се упатува апел до филијалите и експозитурите на сите банки кои работата на територијата на Општина Охрид да обезбедат редарски мерки за клиентите кои чекаат на шалтерите и пред влезовите на банките, како и за банкоматите кои се наоѓаат пред објектите на банките.
  • Се упатува препорака до маркетите да вршат задолжителна дезинфекција на објектите во утринските часови, пред почетокот на работното време.
  • Се упатува известување до сите граѓани на Охрид кои имаат потреба од движење за итни и неодложни потреби за време на траењето на Полицискиот час за време на викендот да испратат барање до СВР Охрид до утре (среда) до 12 часот.
  • Кризниот штаб на Општина Охрид упати барање до Кризниот штаб на Владата на Република Северна Македонија да изнајде решение за редуцирање или ограничување на движењето на граѓаните од Охрид кон Струга и обратно, со цел поголема заштита и превенција на граѓаните.

БАРАЊЕ ЗА ДОЗВОЛА ЗА ДВИЖЕЊЕ ЗА ВРЕМЕ НА ПОЛИЦИСКИ ЧАС

— реклама —

 

БАРАЊЕ ЗА ДОЗВОЛА ЗА РАБОТА ЗА ВРЕМЕ НА ПОЛИЦИСКИ ЧАС

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

Screenshot-2025-03-27-at-15.29.01

Николоски: Со обсмислена стратегија го развиваме охридскиот аеродром, Охрид преку Истанбул од денеска го поврзуваме со цела Европа и светот

Македонија | пред 9 месеци

kosta

Георгиески од манастирот "Свети Илија": Нека е за многу години празникот!

Македонија | пред 4 години

Нема фотографија

(ФОТО) Градоначалникот објави ЕКО ИНФО за изминатите 24 часа во Охрид

Македонија | пред 4 години

Нема фотографија

Се гради ново детско игралиште на пешачката патека кон „Горица“

Македонија | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања