„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика

Вчера во Скопје имало 7 сообраќајки, едно лице со тешки повреди, две со полесни

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Скопје
soobrakajka-1

Во текот на изминатиот ден (17.12.2018 година) на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје се случиле вкупно седум сообраќајни незгоди од кои една со тешки телесни повреди, две сообраќaјни незгоди со телесни повреди и четири со материјална штета.

— реклама —

Во сообраќајните незгоди едно лице се здобило со тешки телесни повреди и две лица се здобиле со телесни повреди. Од преземените мерки и активности констатирано е дека 31 возач управувал возило со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени 16 возачи од кои: двајца затоа што управувале возила под дејство на алкохол, 13 возачи управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило и еден возач затоа што бил возач-почетник. Исто така исклучени од сообраќај се и седум возила бидејќи биле нерегистрирани.

Санкционирани се седум возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, тројца возачи поради недавање првенство на минување на пешаци, тројца поради неправилно престројување, шест возачи поради неправилно престигнување, седум поради неносење пропишана зимска опрема, еден возач поради неносење сигурносен појас и пет возачи поради користење на мобилен телефон при управување со возило.

— реклама —

Во текот на изминатите денови издадени се 68 мандатни платни налози и 67 возила се подигнати со специјално возило "пајак", информираат од МВР

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања