Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Вдомете куче од Лајка

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Скопје

Град  Скопје  и ЈП Лајка ги информираат и воедно ги повикуваат граѓаните да се обратат во прифатилиштето нa ЈП Лајка и да вдомат куче.

— реклама —

Шест  кучиња се подготвени за вдомување и го очекуваат својот сопственик. Овие шест миленици на фотографиите се меѓу првите бездомни кучиња кои по пријава на граѓани беа заловени и го поминаа хуманиот третман во прифатилиштето нa ЈП Лајка. Тимот на негователи им посветува љубов и внимание и се грижи за нивните секојдневни потреби. Во моментов активно се работи на нивна социјализација и се бара нивен дом. Доколку не бидат вдомени, тие ќе бидат вратени на скопските улици.

— реклама —

Секој граѓанин кој ќе сака да вдоми куче, пред сè, ќе треба да пополни прашалник за вдомување, по што ќе разговара со стручно лице вработено во прифатилиштето за да се процени дали и колку вдомувачот е соодветен и би бил одговорен сопственик. Доколку се покаже дека вдомувачот е соодветен, истиот ќе оствари контакт со кучето кое сака да го вдоми минимум два пати, да го посети прифатилиштето и да помине време со истото. Назначени вработени од прифатилиштето на ЈП „Лајка“ ќе имаат обврска да го посетат вдомувачот, со цел да се утврди дали истиот го чува соодветно и во согласност со Законот за благосостојба на животните.

— реклама —

Доколку заинтерсираните граѓани сакаат да вдомат миленик, како и за сите дополнителни информации треба да се обратат во ЈП Лајка:

— реклама —

 

E-mail: vdomi@lajka.com.mk

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања