Вдовицата на Коби Брајант победи на суд

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Магазин
kobi-i-vanesa

Вдовицата на НБА ѕвездата Коби Брајант доби судска пресуда од 16 милиони долари отштета поради протечените фотографии од телата на жртвите од хеликоптерската несреќа во 2020 година, во која покрај Брајант, и нивната 13-годишна ќерка Џијана, загинаа уште седум лица.

— реклама —

Ванеса Брајант го тужи округот Лос Анџелес за нарушување на приватноста, откако ги обвини канцеларијата на шерифот и противпожарната служба за споделување грозоморни фотографии, пренесува Ројтерс.

— реклама —

Крис Честер, чија сопруга Сара и ќерката Пејтон исто така беа меѓу загинатите, доби отштета од 15 милиони долари.

— реклама —

Ванеса Брајант поднесе тужба и против компанијата за изнајмување хеликоптери и имотот на пилотот кој исто така загина во несреќата.

Округот Лос Анџелес веќе се согласи да плати 2,5 милиони долари за да се реши сличен случај што го поднесоа семејствата на другите жртви на несреќата.

Коби Брајант имаше 41 година кога загина во хеликоптерска несреќа во близина на Калабасас, Калифорнија.

Тој играше за Лос Анџелес Лејкерс 20 години и освои пет шампионски титули во НБА. Се пензионираше во 2016 година.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања