Ве молам помогнете ми да не останеме на улица со мало дете - уште еден апел за помош на социјалните мрежи

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
dom

— реклама —

На социјалните мрежи деновиве се шири апел на една мајка за помош на нејзиното семејство кое се наоѓа во тешка ситуација.

Овој апел за помош е споделен и на страницата на Левица – Делчево, а во истиот се вели:

— реклама —

Другари и другарки !На ова семејство од Делчево е потребно да му се помогне, па кој е во можност може да донира. Се работи за семејство со мало дете кое живее во една соба во социјален стан.

Жената е невработена, а сопругот нема некоја постојана работа, а тоа што го заработува не е доволно за нормална егзистенција.

Жената бара да и се помогне да го обноват домот на сопругот кој му останал од таткото во кој сега за сега нема основни услови за живеење.

Се работи за куќарка која е стара и веќе се распаѓа, а они сакаат да соберат средства барем две соби да реновираат и да му овозможат на нивното дете да расте во колку – толку прифатливи услови. Ајде да бидеме хумани и да им излеземе во пресрет!

На онлајн платформата Хелпкарма веќе е започната акција за донирање пари за ова семејство, а мајката Наталија во својата објава вели:

-Здраво луѓенца се надевам ќе ми помогнете. Ние сме семејство од Делцево живееме во социален стан доделен на мојот сопруг од мајка му.

Јас не работам, сопругот работи но тоа не е е доволно за да се подмират сметките. Тој што заработува е доволно барем за хрнана да имаме за нашето дете, тоа ми е најбитно да не му фали ништо.

Ќе ве замолам да ни помогнете да овозможиме услови во домот кој ни остана од татко му на мојот сопруг. Таму нема никакви услови за живеење, куќата е стара и веќе се распаѓа.

Ние моментално живееме во социален стан во една соба но имаме проблем, немаме доволно средства ни стигна документ да го продолжиме договорт но ние немаме со кои пари да го продолжиме.

Ако не го продолжиме ќе останеме на улица. Затоа ве замолувам да ми ПОМОГНЕТЕ барем да успееме да реновираме две соби од старата куќа или барем да имаме доволно средства за плаќање на кирија некое време додека не најдам и јас работа.

Не дозволувајте со мало дете да останме на улица, ве молам помогнете ми спремна сум да направам се за моето дете. Може сликите да ги видите во документите што ги имам остаено. Ви благодарам многу однапред, Наталија Богатинова.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања