Веб страната на ФИТР цел на хакерски напад

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
hakeri

Веб страната на Фондот за иновации и технолошки развој fitr.mk беше цел на хакерски напад доцна на 28.06 (недела) и во претпладневните часови на 29.06 (понеделник). Нападот е согледан при интервенција од техничка екипа за санирање на последиците и враќање на функционалноста на веб страната и е веднаш пријавен до Одделот за компјутерски криминал при МВР. Во текот на денот се очекува и увид од страна на службени лица од оваа институција и натамошно постапување.

— реклама —

Со хакерскиот напад оневозможени се повеќе функции достапни за граѓаните и компаниите, вклучително и аплицирање за тековни јавни повици. Нападот се случува на помаку од 24 часа пред затворање на рокот за доставување на апликации во рамки на Јавниот повик за Технолошки развој за брзо прилагодување од Ковид 19. Јавниот повик е една од мерките од третиот сет владина поддршка за заздравување на македонската економија. Во изминатите 30 дена колку што траеше јавниот повик, над 2.100 микро, мали и средни компании подигнале апликациски пакети, што е рекордно висок одзив од сите досегашни јавни повици.

Заради настанатите потешкотии во аплицирањето, како и исклучително високиот интерес кај домашните компании, Фондот донесе одлука да се пролонгира рокот за доставување на апликациите до 03.07 (петок), до 14.00ч.

— реклама —

Фондот остро го осудува обидот за нарушување на редовното функционирање на процесите, особено во услови кога на домашните микро, мали и средни компании им е потребна државна поддршка за надминување на последиците од здравствената криза.

Фондот останува посветен на својата мисија и поддршката за домашните компании, а транспарентноста, отчетноста и двонасочната комуникација и понаму ни се основен императив во функционирањето и дејствувањето.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања