Промени тема
Контакт
„Претрес“ за судењата, сведоците, правдата: Сопругата на Андреј од ДНК и таткото на Диме за „Пулс“
„Претрес“ за судењата, сведоците, правдата: Сопругата на Андреј од ДНК и таткото на Диме за „Пулс“

Веб страница на нафтена компанија од Арабија злоупотребена во лажната покана од Несторовска

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
Capture-3

Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР постапува по случајот на констатирана злоупотреба со лажно претставување, со што во име на државниот секретар Магдалена Несторовска се упатени лажни покани за наводна тековна истрага до повеќе правни и физички лица во државата и надвор неа.Пораката содржи линк кон веб-страница од каде потенцијално би се превзел малициозен софтвер.

Пораката е лажно потпишана од име на државниот секретар Магдалена Нестроовска со интегриран скениран потпис во пораката. Во самата  порака е интегрирана слика со амблем на полицијата. Во долниот дел на пораката е интегрирана слика која лажно прикажува скенирани документи во врска со наводна  истрага.

— реклама —

Сликата е линк кон веб-страница од која потенцијално би можел да се преземе малициозен софтвер https://eeae.sa/pdf.iso. Овој линк во моментот не е активен. Меѓутоа по направените проверки на веб страната https://eeae.sa  утврдено е дека таа е во сопственост на Energy Environment Advisory Enterprise, правен субјект со седиште во Бахреин кој нуди сервисни услуги на нафтени полиња во Саудиска Арабија.

Слабите заштитни мерки на самата веб страна се искористени и пронајден е начин преку кој може сторителот да шири малициозен софтвер без знаење на горенаведениот правен субјект.

— реклама —

Исто така, извршена е проверка на е-маил адресата и направена е анализа на хедерот на пораката  преку која се испраќаат лажните информации kala.tibor@famasz.hu и утврдено е дека истата припаѓа на унгарскиот правен субјект FAMASZ.

— реклама —

По извршените проверки на веб страната од унгарскиот правен субјект www.famasz.hu утврдено е дека истата е хостирана во Словачка и поради тоа преку Секторот за меѓународна полициска соработка побарани се информации за сопственост кои се однесуваат на горенаведената е-маил адреса.

Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика апелира граѓаните и правните субјекти да не отвараат прикачени документи во прилог на пораки што не доаѓаат од верификувани и за нив познати испраќачи, да не наседнуваат на измами од ваков тип и правните субјекти да превземат соодветни мерки за заштита на нивните компјутерски системи од потенцијален малициозен софтвер согласно нивните интерни процедури за сајбер безбедност.

— реклама —

фото: МВР

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања