„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Вечер: Клуч на врата за компаниите кои нема да исплатат минималец

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија

Минималната плата, која од декември ќе изнесува 14.500 денари, ги скара власта и опозицијата за едните е популистички чекор, а за другите решение во вистински момент. Забелешките од страна на опозицијата беа дека законот се носи пред избори и без детална анализа за ефектите врз економијата и бизнисот, додека пак за власта, покачувањето на минималната плата е исполнување на ветеното со изборната програма со која дошле на власт, објави Вечер.мк

— реклама —

И бизнис заедницата со различни ставови и мислења околу зголемувањето на минималната плата. Едни сметат дека зголемувањето на минималната плата ќе се одрази врз работењето на малите и средни претпријатија кои нема да можат да го издржат ваквото зголемување, а други, пак, дека на овој начин ќе се забрза процесот на затворање на понерентабилните фабрики кои поради неможноста да исплатат минимална плата ќе бидат принудени да стават клуч на врата.

-Во Економско социјалниот совет и во сите инстанци кои ги имавме за преговарање околу минималната плата дадовме предлог, покачувањето на платата да оди во насока на подобрување на животниот стандард на граѓаните, но тоа да го издржат и работодавците. Владата ја прифати таа иницијатива со субвенционирање на платите од 6.000 денари, вели за весникот „Вечер“, претседателот на Бизнис конфедерација на Македонија, Миле Бошков.

— реклама —

Според него, ваквото големо зголемување на минималната плата ќе се одрази на работењето на компаниите кои нема да можат да го издржат, објави Вечер.

Текстот во целост на: Вечер.мк

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања