Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

Вечер на младата македонска драматургиja

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Магазин

Вечерва со почеток од 18:30 часот, во просториите на Културно-информативниот центар на Република Македонија во Софија, Бугарија, ќе се одржи јавно читање на кратките сценарија и кратки текстови од младите македонски драматурзи, Марина Трајковска, Артин Селмани, Џон Саркањац, Мона Паскалова и Стефан Марковски. Како дел од програмата за оваа година на КИЦ, текстовите ќе ги читаат студентите на НАТФИЗ „Крсто Сарафов“ од Софија, Теона Димова, Благица Стоименова, Кристијан Ковачевски и познатиот актер и режисер по потекло од Штип – Ѓорги Ѓоргиев-Антика.

— реклама —

Ова е прв настан од ваков вид кој има за цел да воспостави поблиска соработка меѓу македонските и бугарските млади театарџии и филмаџии и нивно запознавање, за да може да се развива и практично драмската уметност со заеднички проекти, претстави, книги и филмови во иднина.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања