„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Вечер на Живко Чинго во село Велгошти

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
Cingo_vecer_1408201901-900x675

Синоќа во атарот на црквата „Света Петка“ во село Велгошти се одржа традиционалната културна манифестација „Вечер на Живко Чинго“.

— реклама —

Во рамки на манифестацијата, која ја организира Општина Охрид, свое обраќање имаше заменик градоначалникот на Охрид, Ристо Николески.

-Чувствувам огромна привилегија и гордост како човек и како историчар, оваа убава вечер да сум тука, на ова уникатно место, на овој прекрасен настан и тоа што имам можност да му оддадам почит, на еден од најмаркантните литературни дејци во нашата понова историја, нашиот голем и единствен Живко Чинго.

— реклама —

По својата оргиналност и квалитет, неговото богато творештво е познато, признато и вреднувано од врвната литературна критика, а неговите дела се преведени и презентирани на многу светски јазици. Многумина рекле дека неговата раскажувачка дарба била огромна, а неговите раскази се полни со емоција и оддаваат впечаток дека се создадени во еден здив.

Покрај високата уметничка и културна вредност, неговите романи, драми и раскази, претставуваат едно вистинско историско сведоштво, една хроника за развојот на македонското општество. И во минатото и денес, неговите зборови, неговите пораки имаат универзална смисла и носат една голема општествена тежина.

Убеден сум дека овие пораки и во иднина ќе ни го покажуваат вистинскиот пат, по кој треба да се движи нашето општество, како што и самиот тој вели „ќе нема богати и сиромаси, едно лепче ќе се делит на сите, не ќе има гладни, не ќе има жедни, власт народна човече. Човекот ќе дојде на своето место, на прво место човекот, разбираш, да си биде тоа што си е од природата, човек“.

Со цел, достоинствено да го славиме, почитуваме и вреднуваме неговото дело, Општина Охрид, традиционално и оваа година го распиша Конкурсот за најдобар расказ за наградата „Живко Чингo“. Упатувам искрени честитки до добитникот на овогодинешната награда, а воедно упатувам и голема благодарност до сите автори кои зедоа учество на овој литературен конкурс. Се надевам дека оваа традиција ќе продолжи и дека и во иднина ќе го негуваме и почитуваме делото на Чинго и дека ќе го оставиме како аманет на идните генерации. Нека му е вечна слава и нека се чествува уште многу години неговото големо име, истакна Николески.

Пред присутните говореше годинешниот добитник на престижната награда „Живко Чинго“ за најдобар расказ Драгана Лукан Николоски, а годинешен беседник за ликот и делото на големиот литературен великан беше Алла Гјенадевна Шешкен. Исто така свое обраќање пред присутните имаше и внукот од син на Живко Чинго,  младиот Емил Чинго.

Во рамки на културно- уметничката програма, настапи познатиот македонски саксафонист, охриѓанецот  Горан Папаз и Културно –уметничкото друштво „Филиграни“ од село Велгошти.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

Screenshot-2025-03-27-at-15.29.01

Николоски: Со обсмислена стратегија го развиваме охридскиот аеродром, Охрид преку Истанбул од денеска го поврзуваме со цела Европа и светот

Македонија | пред 9 месеци

kosta

Георгиески од манастирот "Свети Илија": Нека е за многу години празникот!

Македонија | пред 4 години

Нема фотографија

(ФОТО) Градоначалникот објави ЕКО ИНФО за изминатите 24 часа во Охрид

Македонија | пред 4 години

Нема фотографија

Се гради ново детско игралиште на пешачката патека кон „Горица“

Македонија | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања