Вечерва на „Охридско лето“ концерт на Дуото „СолиПс“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Магазин
Duo-Solips-BW-1024x683

Во рамките на фестивалот „Охридско лето“ вечерва ќе настапи дуото „СолиПс“. Концертот ќе се одржи во црквата „Света Софија“ со почеток во 21 часот.

— реклама —

Ова дуо формирано во 2011 година го сочинуваат македонско-француската флејтистка  Елена Стојческа и францускиот гитарист Роман Петио. Тие настапуваат на сцени и на фестивали во Франција, Белгија, Чешка, Италија, Русија и Босна и Херцеговина. Од нивните настапи се издвојуваат : „Маскфест“ во Сан Марино, „Форфест“ во Кромериц, Интернационалните фестивал „Сараевска зима“, настапот во Музејот на Скрјабин во Москва, настапот на Неделата на класична музика во Лавоар, во Музејот за уметности во Брисел…

— реклама —

Камерниот состав флејта – гитара го привлекува вниманието на композиторите уште на средината од  20 век, од времето на Астор Пјацола и неговата „Историја на тангото“. Дуо  „СолиПс“ свири главно музика создавана во 20 и 21 век од страна на композитори како што се:  Доина Ротару, Масимилијано Месиери, Тору Такемицу, Венсан Еро, Лоренс Шеер или Едисон Денисов. Од друга страна дуо „СолиПс“ исто така, покажува интерес за музиката која е инспирирана од фолклорот, па така, посебно внимание им  посветува на делата од: Бела Барток, Душан Богдановиќ, Мирослав Тадиќ, Рави Шанкар. Во 2016 година премиерно го изведуваат делото „Љубовна песна“ од Масимилијано Месиери, композиција создадена и посветена токму за нив,  како и делото „Сон во сон“ за флејта, гитара, глас, вудблок и електроника. Американскиот композитор Лоренс Шер  делото „Капричиозо“ за флејта и гитара го посветува на дуото „СолиПс“.

— реклама —

Флејтиската Елена Стојческа е добитничка на прва награда на Меѓународниот натпревар „АудиМоцарт“ во Роверето, Италија како и на бројни награди од државните натпревари за флејта и камерна музика во Северна  Македонија, како и на натправарите „Буфет-Крампон“  и „Гастон Крунел“  во Франција.

Настапувала  како солист со Македонската филхармонија, оркестарот „Хајдн“ од Болцано и Тренто, оркестарот „Пoл Кунц“, Симфонискиот оркестар „Бакау“ како и со оркестарот  „ Француски флејти“. Како рецитален уметник и камерен музичар настапувала во Франција, Италија, В.  Британија, Турција, Луксембург, Холандија, Р.С. Македонија на бројни фестивали. Членка е на ансамблот флејти „Бонсаи“ и на престижниот оркестар  „ Француски флејти“.  Стојческа е добитничка на повеќе стипендии од  „Отворено општество“- Македонија, фондацијата „Албер Русел“, како и од владите на С. Македонија и Франција. Студирала во С. Македонија, Франција и Италија кај реномирани професори како: Пјер-Ив Арто, Петер Лукаш Граф, Винсент Лукас, Аурел Николет, Ирена Графенауер и Бети Станковска. Професор е на Конзерваториумот Ливри-Гарган, како и на Парискиот централен конзерваториум- ЦМА „В.А. Моцарт“.

Францускиот гитарист Роман Петио е победник на повеќе натпревари како „Гитарманија“ во Алмада, Португалија и „Гитар Фест“ во Белград, а финалист бил и на натпреварот „Роберт Видал“ во Франција. Како рецитален и камерен музичар настапувал  на повеќе значајни  фестивали во:  Франција, Италија, Чешка, Португалија, Русија, Босна и Херцеговина и Шпанија.

Премиерно изведува и снима дела за соло гитара од композиторите Лоренс Шер, Венсан Еро и Масимилијано Месиери. Дипломирал со највисоки оцени во школата за музика „Алфред Корто“ и се стекнува со магистерска од областа на педагогијата од Парискиот Конзерваториум. Студирал со Алберто Понсе и Јудикаел Перој, а се усовршувал на мајсторски курсеви кај Дејвид Расел, Зоран Дукиќ, Лоренцо Микели, Павел Стајдл и Карло Маркионе… Роман е роден во 1987 година, живее и работи во Париз каде предава на Регионалниот конзерваториумот во Л’ај ле Роз.

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања