Вечерва премиера на мјузиклот за деца и младинци „Малата сирена“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Магазин
image-188613

Мјузиклот за деца и младинци „Малата сирена“ вечер премиерно ќе биде изведен кино „Фросина“ во МКЦ - Скопје.

— реклама —

Приказната за сирена Ариел, во форма на театарски мјузикл, ќе ја изведат членовите на Студиото за детски и младински мјузикли „Бродвеј јуниор“, раководени од продуцентот и музичкиот директор Наташа Лалчевска. Актерската игра му е доверена на Радо Алексовски.

— реклама —

„Под морето“, „Дел од твојот свет“, „Бакни ја“ се само дел од безвременските песни кои овој пат публиката ќе ги слушне на македонски јазик, препеани од авторката Весна Малинова.

— реклама —

Во главните улоги ќе настапат Калина Александар (Ариел), Давид Огнаноски (принц Ерик), Михаел Пепоски (Крал Тритон), Јована Лалчевска (Себастијан), Дена Деница Симјановска (Урсула), Амелија Ончева (Скатл), Јована Спиркоска (Гримзби), Даријан Симјановски (Флаундер), Лука и Петар Златкови (Флотсам и Џетсам) и други.

Продукцијата е на Крео-Аксис, Здружение за инклузивно и неформално образование и развој - Скопје.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања