Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

Вечерва започнува роденденската прослава во Кисела Вода

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Скопје
image-189035

Под слоганот „68 години - бескрајна приказна која станува се подобра“, од денеска Општина Кисела Вода го почнува Културното лето и одбележувањето на својот роденден. Како што информираше претходно градоначалникот на Општината, Орце Ѓорѓиевски, во деновите што се пред нас ќе настапат македонски изведувачи, уметници, како и хрватскиот пејач Петар Грашо.

— реклама —

-Се потрудивме во четири фестивалски денови да сместиме повеќе концерти и настапи, грижејќи се содржински сето тоа да биде на високо квалитетно ниво и да нуди музички стихови кои ќе одговараат за сите генерации и за сите вкусови. Настаните ќе се одвиваат во вечерните часови на две локации, во Расадник и на Три круши во Драчево, рече Ѓорѓиевски.

— реклама —

Како што е најавено, вечерва диџеј сет ќе има DJ Mats, а потоа следува концерт на Два Бона. Утре вечер на Три круши во Драчево ќе настапат КУД Китка, Сузана Спасовска и Миле Кузмановски.

Во сабота, во Расадник, ќе има детска програма, а на 29 јуни, Општина Кисела Вода ќе го одбележи својот 68-ми роденден со манифестацијата „Битка на бендови“. Бендот кој ќе победи добива награда - концерт во целосна организација на Општината, а наградниот фонд е дополнет и со снимање на ЦД и за првото и за второто место. На настанот, како гости ќе настапат Д Далтонс и уште неколку изведувачи.

— реклама —

Истиот ден, вечерта, после сетот на DJ Mats, на сцената во Расадник, концерт ќе има групата Нокаут.

— реклама —

Како што најавија од Општината, ќе се задржи традицијата од минатата година, во деновите меѓу културното лето и роденденот да бидат промовирани, отпочнати или завршени голем број на поголеми инфраструктурни проекти.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања