Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Веќе 12 години го нема Ангел од Велес, киднаперите излегоа од затвор и се преселија во Словенија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
Screenshot-2024-04-14-at-10.00.23

Веќе 12 години, Ангел Стојанов од Велес никаде го нема, не се наоѓа ни меѓу живите, ниту меѓу мртвите. Ангел исчезна на 7 март 2012 година, на возраст од 25 години, а зад себе остави две деца. Тој беше претепан и киднапиран, по што се губи секаква трага. Киднаперите беа откриени, но убиство не се докажа бидејќи според законите ако нема тело, не може да се одговара за убиство, пишува „Фокус“.

Полицијата ги откри киднаперите, се работи за соседи на Ангел, Перо и Борис Нацеви кои го начекале на пазар, го претепале и го ставиле во багажникот од нивниот автомобил. Тие го оставиле покрај реката Бабуна, на оддалеченост од околу 13 километри. Синот и таткото завршија во затворот „Идризово“ каде отслужија казна од 9 години за киднапирање, по што излегоа на слобода и се преселија во Словенија.

— реклама —

Осудените соседи пред неколку години излегоа од затвор, по што се преселиле и заминале да живеат во Словенија. Ангел пак се уште се води за исчезнат бидејќи никогаш не бил најден.

-Не проверија ниту на камери, ниту ништо, разочарано вели неговиот татко за ,,Фокус”.

— реклама —

Тој уште на почетокот се сомневаше дека Ангел е убиен и закопан, па самиот копал дупки за да го најде.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 6 месеци

— реклама —
media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 6 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 6 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 6 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања