Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Веќе две недели скопјани се гушат во загаден воздух, Арсовска, СДС и Левица мува не ги лази, вели ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Скопје
skopje-vozduh1

Веќе 10-тина дена скопјани се гушат во загаден воздух, а коалицијата СДС, Левица и Арсовска мува не ги лази, вели ВМРО-ДПМНЕ

— реклама —

„Наместо да предлагаат некакви се полумерки и вондредни седници, нека седнат СДС и Арсовска, па тоа било и на тајна средба и нека донесат вистински и суштински мерки за загадувањето.

— реклама —

Полумерките на СДС се со единствена цел, да се полни касата на ЈСП Скопје, бидејќи директорот на ова претпријатие e кадар на СДС и преку тенедери во 4 очи со омилената фирма Пуцко Петрол да ги украдат парите на граѓаните.

— реклама —

А, за возврат граѓаните да добијат намален број на градски автобуси, наместо тој број да биде зголемен.

Целосна неодговорност од страна на СДС и Арсовска за здравјето на скопјани. Забораваат од СДС дека веќе 7 години се на централна власт и немаат ниту еден проект за почист воздух и здрава животна средина во Скопје.

Толку од зелените агенди на СДС и нивните коалициони партнери, Над 20 милијарди евра од изминатите буџети потрошени и украдени пари, а без ниту еден капитален проект за справување со загадувањето.

Се што прави коалцијата СДС, Левица и Арсовска е за личен профит и некој тендер плус, а на штета на граѓаните. За тоа најпотребни се предвремени парламентарни избори за излез од овие кризи, за кои најодговорни се СДС“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања