Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против З.Н.(37) од Велес поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „спречување на службено лице во вршење на службено дејствие” и „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста”.
На 27.07.2020 на Граничен премин Делчево, пријавениот физички нападнал полициски службеници и навредувал и омаловажувал царински службеник кои извршувале службени задачи.