„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Велешанец со клоци по телото и главата напаѓал повозрасни жени

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
policija-rotaciona-svetla

Основното јaвно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 32-годишен велешанец, осомничен за две кривични дела – Разбојништво од член 237 став 1 од Кривичниот законик.

— реклама —

Осомничениот, на 6 март, дошол во куќата на 77-годишна жена и побарал од неа да му даде пари и храна. Во моментот кога оштетената го отворила паричникот и од него извадила 100 денари за да му ги даде, осомничениот три пати ја удрил со бокс во пределот на левата страна од лицето и ја турнал. Жената паднала на подот, а тој продолжил со клоци да ја удира по телото. Потоа и го одзел паричникот во кој оштетената имала уште 1.000 денари и веднаш избегал од местото на настанот.

На 5 април, осомничениот отишол во куќа во центарот на Велес каде живеела сама жена на возраст од 78 години. Преку преградниот ѕид се префрлил во дворот од куќата, па по скалите се качил на терасата од вториот кат и преку прозорецот влегол во куќата. Се симнал на долниот кат каде седела оштетената и од неа побарал пари. Откако оштетената му одговорила дека нема пари кај себе, тој ја турнал од креветот и ја удирал со клоци по телото и главата, нанесувајќи и телесни повреди. Пребарувајќи низ куќата, го пронашол паричникот на оштетената во кој имало 1.000 денари, ги одзел парите и околу 20 литри ракија кои ги пронашол во домот, па си заминал.

— реклама —

Јавниот обвинител до судија на претходна постапка поднесе предлог за определување притвор против осомничениот. Предлогот е прифатен и на осомниченото лице му е изречена мерка притвор во траење од 30 дена.​​

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 2 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 2 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања