Специјалната болница за белодробни заболувања и туверколоза „Јасеново“ од Велес преку јавен оглас прибира понуди за набавка на јајца. Според спецификацијата на тендерот, фирмата треба да обезбеди 20.000 јајца, а критериумот за добивање на тендерот е најниска цена.

За јајцата, болницата ќе треба да плати 120.000 денари, односно, едно јајца треба да чини 6 денари. Интересно во спецификацијата е што се бараат „XL“ јајца, се набавуваат според цена, а никаде не е споменат квалитетот на истите.