Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Велика Британија сама да ја осигура безбедноста на своите бродови, вели американскиот државен секретар

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Свет
21-pompeo

Велика Британија треба самата да ја осигура безбедноста на своите бродови во Персискиот залив, изјави американскиот државен секретар Мајк Помпео во интервју за „Фокс њуз“.

Коментирајќи го запленувањето на британскиот танкер од иранската револуционерна гарда во петокот во Ормутскиот теснец, Помпео истакна дека првенствено одговорноста да се грижи за своите бродови е на Велика Британија.

— реклама —

„САД имаат одговорност да ја одиграат својата улога, но светот, исто така, има голема улога во тоа да ги чува отворени овие поморски патишта“, рече Помпео.

Тој додаде дека САД не сакаат не сакаат војна со Иран, но бараат од нив да се однесуваат како нормална држава.

— реклама —

Танкерот со екипажот во моментов е задржан во иранското пристаниште Бандар Абас. Велика Британија синоќа најави заштитничка поморска мисија со сојузниците од ЕУ во Ормуската Теснина.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања