Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Велика Британија задржа руски нафтен танкер, Стармер: Лично ја наредив акцијата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Свет
media-library4uo1v6hiuev37gz1HYo

Британските вооружени сили денеска пресретнале руски нафтен танкер од таканаречената „тајна флота“ кој се обидувал да помине низ Англискиот Канал.

— реклама —

Според соопштението на британското Министерство за одбрана, на бродот „Смиртос“ се качиле британски командоси и специјално обучени службеници на Националната агенција за борба против криминалот.

Бродот ќе биде задржан и под надзор во близина на јужниот брег на Велика Британија додека трае истрагата.

— реклама —

Од Министерството за одбрана наведуваат дека мерките биле спроведени во британските територијални води и во согласност со домашното и меѓународното право.

— реклама —

Британскиот премиер Кир Стармер изјави дека лично ја наредил операцијата.

„Оваа успешна операција претставува уште еден удар за Русија и потсетник за оние што ја поддржуваат војната на Путин во Украина дека нема да им дозволиме да се кријат“, напиша Стармер на социјалната мрежа Икс.

— реклама —

Засега не се соопштени дополнителни детали за причините поради кои танкерот бил запрен, ниту за можните мерки што ќе следуваат по завршувањето на истрагата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryt9rn71kbcs732xUGMML

Русија ја нападна Украина со 162 дрона и балистичка ракета, цел била и термоцентрала кај Киев

Свет | пред 3 часа

— реклама —
media-libraryo8qp68df6ra569vHY2R

(Видео) Русија го остави Киев без струја, луѓето излегуваат надвор и прават скара

Свет | пред 16 часа

media-libraryh6evpc8uubr20G55U2Z

(Видео) Воен авион од Москва слета во Израел, идентитетот на патниците е непознат

Свет | пред 18 часа

ruski-vojnik-rusija-

Над 450.000 загинати Руси во војната во Украина, протекоа податоци од руската агенција за статистика

Свет | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања