Промени тема
Контакт
„Претрес“ за судењата, сведоците, правдата: Сопругата на Андреј од ДНК и таткото на Диме за „Пулс“
„Претрес“ за судењата, сведоците, правдата: Сопругата на Андреј од ДНК и таткото на Диме за „Пулс“

Вељаноски до Заев: Сега сте посмирени од минатиот пат, ви требаа 80 патеници, а сега 61

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија

„Во мое време 2 пати се менуваше Уставот со консензус меѓу власт и опозиција, а не како сега набрзина. Ви честитам што излеговте на чело на таа мала група и не се криевте, тоа е доблест и решивте да го менувате Уставот, да се самоукине Република Македонија“, Трајко Вељаноски му се обрати на премиерот Заев.

— реклама —

„Има поговорка дека слонот не се јаде цел туку парче по парче, вие тоа го правите со Уставот. Во јуни велевте дека ќе нема промена на Уставот, и многупати потоа изјавивте дека нема да се менува. Вие  го променивте името и сакавте да се скриете зад граѓаните со консултативен референдум и покрај тоа не го слушате гласот на народот. Рековте дека пратениците може да поднесат амандмани, но во оваа фаза нема. Ние имаме само предлози и мислења, а не амандмани“, нагласи Вељаноски.

— реклама —

Тој му порача на Заев во третата фаза да направи сè како што треба и да не се плаши дека ќе запре процесот.

„Се плашам дека третата фаза ќе биде полоша. Не кажавте дека ќе се додава Рамковниот договор. Тоа го изјави Османи во ТВ-интервју. Како е заштитен идентитетот ако се викаме Северномакедонци? Да беше Северна пред Република ќе беше ок“, истакна Вељаноски.

— реклама —

Кога се носат амандмани, рече Вељаноски, тие стапуваат веднаш на сила, не може да зависат од одлуките на други држави.

— реклама —

„Ве замолувам  повикајте ги МАНУ и други историчари на јавната дискусија, да има поширока дебата, полесно ќе биде за нас како пратеници. Лошо е што  ова се прави со математики и заткулисни игри, тоа има краток ефект, а ќе има трајни последици за Македонија“, заврши Вељаноски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања