Вељаноски за „27 април": Бидете на штрек, не дозволувајте да седнат на моето место

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Со изведување смс и вибер пораки меѓу обвинетите на „крвавиот четврток" денеска во Кривичниот суд во Скопје продолжува судењето за случувањата во Собранието на Република Макеоднија на 27 април минатата година.

— реклама —

Прво е вештачењето на мобилниот телефон на тогашниот собраниски спикер Трајко Вељановски, кое се однесува на смс и вибер комуникацијата во периодот февруари – мај 2017 година.

— реклама —

Во судница се присутни сите 32 обвинети, освен обвинетиот Сашко Марковски за кого постапката беше одвоена.

— реклама —

Судскиот процес го води судијката Добрила Кацарска, а застапници на обвинението се Вилма Русковска и Ивана Трајчевска.

Обвинителката Русковска на почетокот посочи дека вештачењата се преобемни и содржат и приватни пораки, поради што им доставиле испечатени примероци.

– На 27 април во 17:48 Трајко Вељаноски испраќа смс порака до Горан Ѓошевски со содржина „бидете на штрек". Ѓошевски во 17:49 испраќа смс порака со содржина „да” и подоцна уште една „сите знаат и од МВР”. Во 18:04 Вељановски му праќа порака „кажи им да влезат двајца внатре и да не им дозволат да седнат на моето место”, прочита дел од вештачењето обвинителката Русковска.

Од вибер комуникацијата на телефонот на Вељаноски, продолжи Русковска, може да се види дека тој добива порака од пратеникот Димитар Стевананџија со содржина „како е работата”, по што испраќа одговор „Се спремаме. Тврдокорни. Чекате насоки. Важно спремни”.

Подоцна истиот ден Стевананџија испраќа пораки „мора да има кредибилен лидер” и „и критична маса од ск”.

– Вељаноски на 25 февруари на Никола Груевски му испраќа порака со содржина „јас пак мислам подобро митингот да се одржи во сабота, ќе има повеќе време за подоготовка, нема да врни и до тогаш се повеќе ќе се наектрелизира Македонецот”.

Вељаноски испраќа смс до Гордана Јанкуловска на 27 февруари во 19:47 со содржина „добар беше собирот денес” и таа му враќа „да, супер изгледаше”. Вељановски на 2 март испраќа порака на Сања Угриновска „сакам да му се јавам на Чавков да ги повлече сите", на што таа му враќа „не ве разбирам, овие што заминаа". Подоцна, истиот ден, Вељановски и пишува „сите, и тие што заминале", на што таа му враќа „па јас не би ги враќала".

За случајот „27 април" обвинети се уште 32 лица, од кои 31 за терористичко загрозување на уставниот поредок на државата и двајца за поттикнување. На обвинителната клупа се Љубен Арнаудов, Сашо Василевски, Крсто Мукоски, Љупчо Димовски, Јохан Тарчуловски, Митко Чавков, Митко

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

mickoski

ВМРО-ДПМНЕ: Да се прифатат мерките за загадениот воздух, во спротивно власта да си замине

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Општина Аеродром со 300 000 евра против загадувањето

Скопје | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања