Промени тема
Контакт

Велјановски: ДУИ секогаш кога губи прибегнува кон потпалување на меѓуетнички односи

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
media-librarynbu01n69ld20fY2IoK8

Пратеникот Александар Велјановски од ВМРО-ДПМНЕ остро ја осуди изјавата на поранешниот министер за економија Крешник Бектеши, дадена за време на промоцијата на кандидатот на ДУИ за градоначалник на Тетово, Бајрам Реџепи, оценувајќи ја како опасна и штетна по меѓуетничките односи во државата.

„Секогаш кога ДУИ губи, секогаш кога граѓаните ќе ги прочитаат нивните вистински коруптивни намери, тие прибегнуваат кон потпалување на меѓуетничките односи и загрозување на соживотот“, изјави Велјановски.

Тој додаде дека ДУИ нема политички аргументи и визија, туку, според него, единствената нивна стратегија е деструктивноста и нарушувањето на соживотот меѓу граѓаните.

Велјановски најостро ја осуди, како што ја нарече, „срамна и опасна“ изјава на Бектеши, во која тој, како што рече, „велича оружје и отворено ја оправдува војната од 2001 година, претставувајќи ја како политички капитал“. Според него, тоа претставува „скандал од невидени размери и директен удар врз меѓуетничките односи“.

— реклама —

„Ова е класичен говор на омраза кој ја враќа Македонија во најтешките времиња. Наместо да зборуваме за иднината, некој повторно сака граѓаните да слушаат етнички провокации и поттикнување на поделби“, истакна Велјановски.

— реклама —

Во своето обраќање, тој потсети на значењето на Македонците за Тетово, нагласувајќи дека „со векови наназад тие се дел од неговата историја, култура и идентитет“, и изрази уверување дека на претстојните избори, Македонците со својот „единствен и сплотен глас“ ќе одлучат за иднината на градот.

ВМРО-ДПМНЕ побара од СДСМ јавно и веднаш да се огради од изјавите на Бектеши и да ја преиспита соработката со коалицискиот партнер ДУИ. „Секое молчење е соучесништво“, порача Велјановски, додавајќи дека „СДСМ со години е нем и покорен партнер на ДУИ, а секој нивен денешен молк значи дека станале партнери и во омразата“.

— реклама —

Тој упати апел и до сите политички партии, организации и институции да го осудат, како што рече, „отворениот говор на омраза“, посочувајќи дека „во Македонија нема место за политичари кои својата кампања ја градат на закани, омраза и величање оружје“.

„Нашата обврска е да ја изградиме Македонија како силна, праведна и европска држава – земја на мир и стабилност, а не на поделби и закани. Народот очекува јасна позиција, а ние ќе продолжиме да ја браниме Македонија од сите што сакаат да ја претворат во заложник на криминални и етнички поделби“, заклучи Велјановски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryifj7namj2f1n0svrrZY

СДСМ: Нема одговор, има матрица – приватна фирма плаќа, Мицкоски ја продава државата, за него антимон, за граѓаните отров!

Македонија | пред 5 часа

— реклама —
media-librarydi2a0nqmq6ra5yxVQxa

СДСМ: Дефицит од 900 милиони евра - Мицкоски ја распродава Македонија затоа што нема економски резултати

Македонија | пред 13 часа

media-libraryn3ugtfmiffgkek0Fi1u

ВМРО-ДПМНЕ: СДС да не шират паника, Филипче да не се грижи, пензискиот фонд е стабилен

Македонија | пред 1 ден

media-libraryhqad4r76cv7d9qnMbjp

СДСМ: Тошковски бара ЕУ да нè гледа како другите – ЕУ гледа „банда на власт“, тоа не е народот

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања