Од утре во Кривичниот суд треба да започне да се извеудуваат дополнителните листи со докази на одбраната во случајот „27 април“ за кои судскиот совет на чело со судијката Добрила Кацарска на минатото рочиште реши да ги прифати. Меѓу тие докази има и предложени сведоци.
За утре, според планот, треба да се сослушаат двајца сведоци на Митко Чавков, тројца на Душко Лазаров и двајца на шефот на обезбедувањето на Трајко Вељановски, Горан Ѓошевски Леви.
Меѓу двајцата сведоци кои ги предлага Леви е и Трајко Вељановски. Неговото присуство утре во судница треба да го обезбеди одбраната на обвинетиот.
Инаку, Трајко Вељановски на минатото рочиште беше споменат во исказот на Александар Василевски Нинџа кој кажа дека додека на 27 април бил во штабот на ВМРО-ДПМНЕ таму била и поранешната заменичка министерка за правда Билјана Бришкоска Бошковска која телефонски комуницирала со Вељановски и која му дала наредба на него пратениците да ги отворат вратите во Собранието откако не успеало првичното сценарио односно откако пратениците од ВМРО-ДПМНЕ не предизвикале тепачки во Парламентот.