Велковска обвинува дека Инспекторат на Град Скопје е жив доказ за апсолутната и ненормална партизираност на институциите.
Моите родители денес, Велковска, беа вознемирувани од неидентификувано лице кое се претставуваше дека е инспектор во Град Скопје и кратко подоцна се појавува комплетно извртен приказ на настанот – дека инспекторите се тие кои добивале закани од ФУНКЦИОНЕР.
„Службеници платени со јавни пари се инструментализираат од партија која е на власт за да вршат политички притисок. За тоа се трошат нашите пари – за да се замолчат тие што ги обелоденуваат неетичките и незаконските одлуки на власта. Тоа што ми се случи денес не е ништо повеќе од патетичен обид за заплашување од политичари кои очајнички се обидуваат да ја задржат моќта. “, напиша на ФБ советничката во Град Скопје избрана од редовите на Левица, Драгана Велковска.
