Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

Велковски: Интезивно се работи на изградба на нови патишта и реконструкција на голем број патни правци

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
IMG_1775

Градиме по план за развој на патната инфраструктура во Македонија. Преку интенизвни циклуси се случува значајна планска изградба на нови патишта и реконструкција на голем број патни правци низ целата држава во интерес на граѓаните, изјави Диме Велковски на денешната прес-конференција.

— реклама —

— реклама —
— реклама —

„Ова се поважните патни делници, кои се завршени за период од само 1 година или се во изградба во моментов, во рамките на нашиот план за развој на патиштата во Република Македонија.

Завршена е изградбата и реконструкцијата на автопатот Демир Капија – Смоквица, на обиколницата во Скопје, на обиколницата во Битола.

Извршена е рехабилитација на возната лента на автопатот Петровец – Миладиновци и Кадино – Хиподром, реконструкција на левиот коловоз на автопатот Куманово – Миладиновци, рехабилитација на регионалниот пат од мост Близанско – Калуѓерец, на трета лента на Валандовско брдо, на регионалниот пат Дебар – ГП Блато, регионалниот пат Петровец – Катланово, регионалниот пат Пршовце – Јегуновце и делницата Охрид кај Билјанини извори.

Реконструиран е регионалниот пат Гостивар – Колари, како и регионалниот пат Берово – Струмица, регионален пат Сарај – Групчин, регионален пат Битола – Новаци и регионален пат Кочани – Делчево“, изјави Велковски.

Тој додаде дека интезивно се работи во сите региони на Македонија, за сите граѓани и за економски развој на општините.

„Во тек се градежни активности за изградба на автопатот Кичево – Охрид, автопатот Миладиновци – Св.Николе – Штип, експерсните патишта: Штип – Радовиш и Ранковце - Крива Паланка, експресен пат на делница Градско – Дреново, експресен пат на делница Дреново – Фариш и експресен пат делница Штип – Крупиште.

Се реконтруираат и транзитните патишта кај Охрид и кај Кавадарци.

Нема дел од Република Македонија на којшто не се градат или обновуваат патиштата.

Развојот, унапредувањето и модернизацијата на патната инфраструктура ќе продолжи со несмалено темпо и во следната година.

Наскоро започнува втора фаза од изградбата на експресен пат делница Крупиште – Кочани, втора фаза од изградба на експресен пат делница Бучим -Радовиш, како и изградба на експресен пат делница Прилеп-мост на Леништа река и доизградба на една лента Крива Паланка – Деве Баир.

Во планот е и рехабилитација на неколку патни правци како патниот правец Куманово – Страцин; патните правци Младо Нагоричане – Пелинце, Куманово – Свети Николе, Тетово-Попова Шапка, Јурумлери – Драчево, Битола- Демир Хисар. Потоа, Драчево – Орешани, Делчево – Звегор, Делчево – Пехчево, Берово-Виница патниот правец Струмица – Ново Село, како и првците Кавадарци – Росоман и Фурка-Богданци – Гевгелија.

СДСМ како одговорна партија останува посветена на развој и унапредување на патната инфраструктура што обезбедува брз, ефикасен и безбеден сообраќај и транспорт.

Градиме по план, со изградба на инфраструктура што ќе значи иднина и засилување на македонската економија, за сите граѓани, за сите општини во државата“, изјави Велковски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања