Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Велковски: Сите пратеници да го поддржат предлог Буџетот за 2020 година

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија

Денеска во процедура во Собранието влегува Буџетот за 2020 година.  Буџетот за 2020 година е развоен и во својот фокус го става човечкиот капитал. Продолжуваме да вложуваме во зголемување на платите и пензиите, проодлжуваме да обезбедуваме повеќе пари кај граѓаните, истакна Диме Велковски, пратеник на СДСМ.

Вложувањето во човечкиот капитал е неопходно затоа што треба и мора да бидеме конкурентни со светската економија за да можеме да го одржиме економскиот раст.

— реклама —

Буџетот за 2020 година претставува инвестиција во подобро здравство, подобро образование, подобра социјална грижа, инвестиција во развој на инфраструктурата.

За разлика од ВМРО-ДПМНЕ која земаше од граѓаните за лажен барок, споменици, палми и криминални тендери, ние инвестираме во она што е важно за секој граѓанин.

Новиот предлог буџет за 2020 година, во здравството, образованието и социјалата, предвидува инвестиција од вкупно 154 милијарди денари. Тоа е зголемување од повеќе од 10 милијарди денари во споредба со ребалансот од 2019 година, односно последниот Буџет.

— реклама —

1,5 милијарди денари предвиени се за капитални инвестиции во здравството. Одвоивме 1,4 милијарди денари за капитални инвестиции во образованието, за реконструкција и изградба на училишни згради и спортски училишни сали, на студентските домови.

Во 2020 година проектиравме реални капитални расходи на ниво од 23 милијарди денари. Инвестициите се наменети за интензивирање на инфраструктурните проекти, односно за  патна и железничката инфраструктура, енергетската и комунална инфраструктура.

Паралелно со тоа, продолжува и растот на платите. Веќе во јануари за 10 отсто поголема плата добиваат вработените во образованието.

— реклама —

Од февруари лекарите специјалисти добиваат повисока плата за 25, а медициснките сестри за 10 отсто.

Веќе од јануари, пензиите растат за 700 денари, а со законското усогласување, над 322.000 пензионери ќе добјат зголемување од околу 900 денари.

— реклама —

Предлог Буџетот за 2020 година е насочен кон поголема социјална еднаквост и надминување на социјалните разлики. Остануваме посветени на градењето фер и еднакво општество.

Апелираме на конструктивна дебата во собраниската Комисија за финансирање и буџет и повикуваме сите пратеници да дадат поддршка на предлог Буџетот за 2020 кој е во интерес на граѓаните, државата и економијата,  истакна Диме Велковски, пратеник на СДСМ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања