Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Велосипеди ќе левитираат на Есенинова - нова улица, а низа забелешки

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Скопје
370531841_680499690783785_1472343501046533408_n

— реклама —

— реклама —
Пред 10-ина дена Град Скопје се пофали со завршувањето на работите на улицата Есенинова. За тоа како е организирана улицата, реагира организацијата „На Точак“. Тие посочуваат дека забелешките ги дале уште пред улицата да почне да се изведува.

— реклама —

„Нејзиното пуштање во употреба од сегашната градоначалничка ги потврди нашите стравови за неводење грижа за пешачкиот и велосипедскиот сообраќај и би сакале да ги повториме нашите забелешки. Со надеж дека нема да се повторат за следни улици.

🔗 Улицата Есенинова е важна врска меѓу 4 општини: Кисела Вода, Центар, Аеродром и во продолжение Гази Баба. Таа е улица со градско, не со општинско значење. Во ГУП-от на Град Скопје е испланирана како собирна улица со ширина од 18 метри.

На лице место е изведена со ширина отприлика од 11-12 метри!

🚲 🌳 Заклучок: во дефинираната широчина на оваа улица со ГУП (18 метри), Градот Скопје можел да испроектира и изведе и велосипедски патеки (коловоз 3+3 метри, велосипедски патеки 2+2=4 метри, дури и да остане место за тротоари со дрвореди до 18 метри) и тие природно да продолжат во велосипедските ленти по ул. Никола Карев (покрај Железничка станица), кои истиот тој Град ги извел. Но на Есенинова запрел со грижата до автомобилскиот сообраќај! За автомобили експроприрале и уредувале земјиште, но за велосипедскиот сообраќај не им било грижа иако се работи за примарна сообраќајна мрежа!

♿️ Претходно ни тврдеа дека како заменска велосипедска патека ќе се користела постоечката рекреативна патека покрај железничката пруга. Но на лице место ни таа не е поврзана со тротоарите на Есенинова. Нема соодветни прописни пристапни рампи. Како тоа се изведуваат улици без да се поврзат со постоечките улици и патеки?

👩‍🦽 Рабниците кои се употребени се со прекршување и со поголема косина од дозволената за пристапност! Се прекршуваат стандардите за лицата со посебни потреби.

🥵 Употребен е темен непорозен асфалт наместо поплочување во посветла боја. Град Скопје самиот создава топлотни острови спротивно на сопствените донесени стратешки документи.

❎ Предимензионираните бандери одземаат многу од функционалната широчина на пешачките тротоари. На некои места се поставени дури и на средина!

‼️ Широчината на лентите за автомобили е дефинитивно поголема од препорачаната за 50 км/час, т.е. 3 метри. Прекумерната широчина стимулира пребрзо возење и небезбедно однесување. Вишокот ширина можел да се префрли на тротоарите и тие да бидат мешани пешачко-велосипедски патеки. Win win. И за безбедноста и за велосипедскиот сообраќај.

📌 Во делови од улицата се поставени заштитни столпчиња, а во делови не се. Зошто?

Заштитните столпчиња се поставени врз самиот рабник на 0 цм од коловозот. Во други ситуации ни се тврдело дека мора да се на 50 или 70 цм од коловозот. Што е точно? Вака се добива поискористен тротоар.

⚫ И еден од најпроблематичните делови: на самиот влез во улица „Есенинова“ од бул. „Трета Македонска бригада“ создадена е црна точка за безбедноста на пешаците и велосипедистите. Тротоарот целосно го снемува со столбот од далноводот, а прегледноста е нула.

Имаме неколку прашања:

1️⃣ Дали е воопшто законски можно да се одобри проект каде широчината на тротоарот е помала од минималниот стандард 1,5 метри, односно од око не повеќе од 40 цм?

2️⃣ Дали е можно проектот да е коректен, да се предвидува дислокација на столбот, а во изведбата нешто да се „муља“?

3️⃣ Зошто ако од старт се знаелo дека нема да се прави дислокација, само во тој дел од улицата се проектирани 4 ленти за коли, а не се проектирале 2 и 3 ленти, столбот да остане, а тротоарот да се помести кон коловозот?

4️⃣ Зошто за автомобили планираме максимални стандарди, а за пешаци ни минималните ги почитуваме?

5️⃣ Дали е замисливо лента за коли наместо од 3 метри да се изведе со широчина од 1 метар заради столб? Зошто е тогаш тоа дозволиво за најранливите, пешаците?

6️⃣ Кој ќе одговара за евентуалните жртви на оваа црна точка?

[📣 За дел од овие прашања би замолиле за стручна помош од лица кои се бават со проектирање, изведба, надзор или одобрување на проекти за улици, а искрено се грижат за градот. Доколку некој има некаква вредна информација како да спречиме вакво дилетантство во проектирањето и/или изведбата во иднина, нека ни пише во инбокс. ]

Ова се работи кои НаТочак ги комуницираше и со претходната градска власт, која ја почна изведба на ул. Есенинова, и со сегашната што ја пушти улицата во употреба во оваа небезбедна состојба без да ги ревидира пропустите во проектот.

И двете градски власти свесно одлучија да изведат автодром без да се грижат за велосипедистите и пешаците“.

<iframe src="https://www.facebook.com/plugins/post.php?href=https%3A%2F%2Fwww.facebook.com%2FNaTochak%2Fposts%2Fpfbid02kbRQuabzQJrXpRRGVkm5nXZ8YJJo8bZwVChjSfbW2K2dU1Hebt9dXFxjuc6DR4MZl&show_text=true&width=500" width="500" height="250" style="border:none;overflow:hidden" scrolling="no" frameborder="0" allowfullscreen="true" allow="autoplay; clipboard-write; encrypted-media; picture-in-picture; web-share"></iframe>

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 5 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 5 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 5 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 5 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања