Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски

Велосипедист тешко повреден во сообраќајка кај Нераште

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Македонија
velosiped

Дваесет и деветгодишен велосипедист од Тетово се здобил со тешки телесни повреди во сообраќајна несреќа што се случила на локалниот пат меѓу селата Нераште и Радуша, информираат од Министерството за внатрешни работи.

— реклама —

Според информациите, несреќата се случила на 6 јуни околу 15:30 часот, кога патничко возило „Фолксваген туран“ со тетовски регистарски ознаки удрило во велосипедистот А.М. (29) од Тетово.

— реклама —

По несреќата, возачот со автомобилот го пренел повредениот во приватна амбуланта во Нераште, а потоа го напуштил местото. Подоцна, велосипедистот со друго возило бил пренесен во Клиничката болница во Тетово, каде што лекарите констатирале тешки телесни повреди.

— реклама —

Увид на местото извршила екипа од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово. За време на увидот, на местото пристигнал Л.М. (39) од Нераште со возилото „Фолксваген туран“ и се пријавил како учесник во сообраќајната несреќа.

— реклама —

Од МВР велат дека се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања