Велосипедисти ќе возат од Македонија до Нова Градишка, тура посветена на жртвите од коронавирусот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
DSC_1136-01

Велосипедската тура низ 6 држави, која на 21-ви март стартуваше од Свети Николе во Македонија каде ќе биде и финишот на 5-ти април, ја заврши четвртата етапа во Осијек и денеска тргнува кон Нова Градишка.

— реклама —

На патот од почетокот до крајот на турата посветена на жртвите од Ковид-19, ќе бидат посетени повеќе места кои се значајни за нашата земја, а едно од нив е местото каде во 2007-та во сообраќајна несреќа животот го загуби непрежалениот македонски бисер, Тоше Проески.

— реклама —

— реклама —

„Се се движи според планот, малку сме и пред очекувањата, со оглед на тоа дека наместо да се празниме, ние се полниме со енегрија со секоја нова станица. Времето на поминување на секоја рута е во доменот на предвиденото. Бевме во Лесковац, потоа во Велика Плана, поминавме низ Белград на патот до Рума, потоа низ Нови Сад на патот до Осијек.

Во секое место бевме пречекани со аплаузи и со насмевки на лицата, тоа е она што сакавме да го доловиме и доживееме. Живееме во турбулентно време, кое ни ги идзеде човечките вредносто, а ова несекојдневно велосипедско патување треба да ја разбуди хуманоста во сите нас.“ - изјави Александар Стојков, организаторот на Вера Тур и единствениот кој ќе ги помине сите 15 етапи, заедно со неговиот „ментор“ на ова патешествие, македонскиот велосипедист Кирил Марковски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања