„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Венецијанската комисија со негативна оценка за законот за јазици!

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
05092019_PVRSM_Zaev_venecijanska_komisija-1

Според документ што го поседува „Плусинфо“, драфтираните заклучоци на Венецијанската комисија се силна критика за Законот за јазиците и тие, на некој начин, препорачуваат детално да се простудираат причините поради кои е сменет законот од 2008 година и причините за недостатоците во спроведувањето на тој закон. На 17 декември ќе биде познато дали оваа верзија на заклучоците на Венецијанската комисија ќе се официјализира и што тоа ќе значи за иднината на овој закон, пишува „Плусинфо.мк

— реклама —

– Многу одредби од Законот за јазици (од 2018 година) ги надминуваат европските стандарди дефинирани особено во Рамковната конвенција за заштита на националните малцинства и Европската повелба за регионални и малцински јазици. Ова во принцип е за пофалба. Венецијанската комисија ја поздравува подготвеноста на властите на Северна Македонија за подобрување на јазичната состојба на немнозинските заедници. Како и да е, според мислењето на Венецијанската комисија, во одредени области законот оди премногу далеку, наметнувајќи нереални правни обврски на јавните институции. Ова е особено случајот со одредбите со кои се предвидува употреба на албанскиот јазик во судските постапки, кои се формулирани на толку широк начин што сигурно би барале повеќегодишна подготовка да биде целосно спроведена 

Ова се дел од оценките во нацртот на Заклучоците на Венеицијанската комисија, што официјално ќе се објават на 17 октомври, а што ги објавува „Плусинфо“.

— реклама —

Нацртот е подготвен на 27 септември годинава и Плусинфо поседува копија од тој документ.

Текстот во целост на: Плусинфо.мк

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања