Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Венко Филипче е длабоко заробен во фрчковизмот и пропагандата на лажните машинерии, вели Венко Филипче е длабоко заробен во фрчковизмот и пропагандата на лажните машинерии

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 10 месеци -

Македонија
filipce-sdsm-co-2

Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Иванка Василевска, оцени дека претседателот на СДСМ, Венко Филипче, е длабоко заробен во, како што рече, „фрчковизмот“ и во пропагандни модели кои се надминати уште пред повеќе од две децении и денес делуваат не само неефикасно, туку и несериозно.

— реклама —

Во гостувањето во емисијата „Заспиј ако можеш“ на Алфа телевизија, Василевска истакна дека станува збор за стари пропагандни методи, кои СДСМ, според неа, целосно ги истрошил за време на Шарената револуција, кога партијата „прегорела“ во сопствената пропагандна машинерија. Таа оцени дека тие пристапи одамна не функционираат ниту како политичка артикулација, ниту како начин за освојување доверба и поддршка од граѓаните.

— реклама —

Осврнувајќи се на состојбите во опозициската партија, Василевска изјави дека актуелното раководство на СДСМ нема визија за суштинска обнова, туку се обидува да ја одржи партијата во, како што рече, „полумртва состојба“ или клиничка смрт, со надеж дека ќе се појави некаков нов бран сличен на оној од времето на Шарената револуција.

Според неа, сериозни и одговорни социјалдемократи не би прифатиле да застанат на чело на партијата во вакви околности, оптоварени со криминал, нерешени прашања и контроверзни политики, ризикувајќи го сопствениот углед и здравје без јасна перспектива за успех. Таа смета дека сегашното лидерство е поставено токму за да ја одржува партијата во ваква состојба, чекајќи надворешни околности наместо вистинска внатрешна трансформација.

— реклама —

Василевска се осврна и на говорот на претседателката на државата во Собранието, оценувајќи го како државнички и одговорен, со јасен повик за национален консензус околу евроинтегративниот процес. Таа нагласи дека во говорот имало и директна критика кон актуелната влада, особено во делот на европските интеграции, борбата против корупцијата и потребата од вистински функционално и праведно судство.

— реклама —

Според Василевска, токму таквиот балансиран пристап и јасното укажување на слабостите во системот се клучни за напредокот на македонското општество, за разлика од, како што рече, застарените пропагандни шеми кои повеќе не можат да ја убедат јавноста.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryeuq4jrnkcll31UrbjKu

„За Алта банка Савески да почне од Мицкоски и Славески – сметките и трансакциите мора да се испитаат веднаш“, вели СДСМ

Македонија | пред 5 часа

— реклама —
media-library3aajff2mnjk379UVxvN

„Постојат ли 80 милиони евра во Алта банка Битола и во кое својство преговара Мицкоски?“, велат од СДСМ

Македонија | пред 1 ден

media-libraryvosnvn9kcs6604GYNY3

„Славески, имаш уште малку време да го пријавиш Мицкоски, потоа ќе биде касно!“, вели СДСМ

Македонија | пред 1 ден

media-librarymg9pbfsb39nqdl0fWU1

СДСМ: Ги поддржуваме војниците – ќе поднесеме законско решение за нивните барања

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања