„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика

Венко Филипче треба да си поднесе оставка?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
venko-filipce

„Венко Филипче треба да си поднесе оставка поради хаосот кој го создадесо епидемијата со морбили и вакцинирањето. Првин креираше паника манипулирајќи ги граѓаните дека ќе има подобри вакцини, ако на референдумот гласаат за промена на името, а потоа и со лажното вакцинирање на неговата внука, но и скандалот со вакцините во изминатиот рок.

— реклама —

Власта е виновна за хаосот во здравството. Додека беа опозиција креираа кампања против вакцинирањето, со која внесоа хаос и страв кај населението, за сега да не можат да ги санираат последиците од штетите кои сами ги направија“, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Филипче не знаеше како да го покрие срамот со вакцините со изминат рок кои беа пуштени во употреба и недовербата кои сами ја креираа, па тргна во злоупотреба на својата малолетна внука со цел политичка измама на граѓаните, за по неколку недели и сам да ја признае измамата.

— реклама —

СДСМ и Филипче го урнисаа здравството и нанесоа голема штета на здравствениот систем. Граѓаните заслужуваат квалитетно здравство, тоа е обврска на власта и компромис за тоа нема и не може да има.

СДСМ и Филипче не можат да го водат здравството. Филипче и СДСМ мора да си заминат. Црнилата мора да си заминат. Зората мора да изгрее“, дополнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања