Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

„Венко Заев поради страв, Апасиев за повеќе пари, СДС и Левица го блокираат Изборниот законик на штета на дијаспората и реформите“, вели Манасиевски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Македонија
media-libraryq7fpvelos1df0kUYeGC

На денешната прес-конференција, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, обвини дека СДС и Левица го блокираат донесувањето на новиот Изборен законик, кој, според него, ги содржи препораките на ОБСЕ и ОДИХР, како и предлозите што со месеци биле усогласувани на работните средби.

— реклама —

Манасиевски изјави дека СДС се спротивставува на предлогот македонската дијаспора да може да гласа по електронски пат или по пошта.

— реклама —

„Како ВМРО-ДПМНЕ предложивме дијаспората да гласа по електронски пат или по пошта. Овој предлог беше одбиен од страна на СДС затоа што, според нас, стравуваат дека граѓаните кои ја напуштија државата во периодот на нивното владеење нема да ги поддржат нивните политики“, рече Манасиевски.

Осврнувајќи се на Левица, тој посочи дека и покрај тоа што, како што рече, нивните предлози за финансирање на изборните кампањи биле прифатени, партијата не го поддржува договорот што бил подготвуван со месеци.

— реклама —

Според Манасиевски, ваквата блокада го доведува во прашање исполнувањето на реформските обврски на државата, додавајќи дека и Европската Унија повикала на политички консензус и навремено донесување на Изборниот законик.

— реклама —

Од ВМРО-ДПМНЕ порачаа дека остануваат на ставот оти Изборниот законик треба да биде усвоен со широк политички консензус, во интерес на државата, реформите и овозможувањето на македонската дијаспора да го оствари своето право на глас по електронски пат.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library88us3ia4sfj3551qHrH

(Видео) Манасиевски: Пендаровски призна дека објектот во Влае е на неговиот близок соработник Еролд Муслиу

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
media-library4v41q12taiqb6zc7UQx

(Видео) Манасиевски: Промените во Македонија започнаа со заминувањето на Заев, продолжија со Ковачевски и ќе завршат со заминување на Филипче

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryai51mq2hl15b0Wo5OY9

(Видео) „Прво паднаа Филипче и Заев, па потоа Вучиќ, а на приватни забави им пее истиот пејач“, вели Манасиевски

Македонија | пред 2 седмици

media-library6tlq4h51c3iraa3I2Nk

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко?

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања