„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Верушевски, наместо да да одговара на конкретни прашања, тој вината за прислушувањето ја префрли врз Никола Груевски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
zoran-verusevski-obvinitelna-klupa-640x331

Наспроти очекувањата поранешниот разузнавач Зоран Верушевски да се дообјасни за својата улога во вадењето на нелегално снимените разговори од УБК, тој денеска внесе дополнителна конфузија, со тоа што, наместо да одговара на конкретни прашања, тој вината за прислушувањето ја префрли врз Никола Груевски.

— реклама —

Денеска на неговото второ сведочење во судот тој изложи теорија дека СЈО згрешило и оти поранешниот премиер требало да биде првоосомничен во случајот „Таргет-Тврдина“. Елаборираше на оваа тема, иако го прашуваа сосема други работи што немаа врска со тоа кој е највиновен, објави Призма.мк

„Специјалното јавно обвинителство направило круцијално поместување од лицето што требало да биде првоосомничено“, академски дефинираше Верушевски.

— реклама —

На конкретното прашање да каже каде физички ги вршел анализите на снимените разговори, Верушевски помалку надмено и со патронизирачки тон образложи:

„Анализите се мисловен процес, а не физички. Тие се предодредени на интелектуалниот капацитет на поединецот. Илузорно е да се фокусираме на локацијата, мисловниот процес може да почне на едно, а да заврши на друго место.“

Се доби впечаток дека Верушевски дошол да каже своја и сосема нова верзија за „бомбите“, а не да одговара на прашањата на обвинителката Ленче Ристоска.

Текстот во целост на: Призма.мк

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања