„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Верушевски тврди дека Црвенкоски имал „бомби“ но не ги употребил

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
bc

— реклама —

Поранешниот директор на УБК, Зоран Верушевски кој денеска сведочеше на рочиштето за случајот „Таргет и Тврдина“ изјави дека не само Зоран Заев, туку и Бранко Црвенковски имал увид во документацијата, термин кој во текот на сведочењето го користеше за „бомбите“.

— реклама —

— реклама —
„Црвенковски и Заев во цело време на нивното лидерство имаа увид во документацијата. Стратешка одлука беше на Црвенковски како ќе ја користи, а потоа и на Заев“,

рече денеска Верушевски.

Тој во текот на сведочењето се огради од неговата директна улога во откривањето на аферата, со тврдење дека тој само ја анализирал документацијата која стигнувала во СДСМ.

„Кон крајот на 2010 година ги добив првите информации за овој случај. Во тој период бев одговорен за безбедносната политика на СДСМ и информациите од ваков карактер беа обврска за анализа. Се правеа тактички анализи. Ги користеше лидерството за своите стратешки одлуки и политики“,

рече сведокот Верушевски.

На прашањето на обвинителот дали преку него бомбите завршувале во СДСМ, тој посочува дека најчесто документацијата доаѓала од други структури а тој не одговори ниту директно дали Ѓорѓи Лазаревски нему му ги предавал бомбите, а потоа тој во партијата.

„Не обезбедив јас било какви разговори на лична основа. Сето тоа што се случуваше во СДСМ беше обврска да го анализирам. Не бил мој интерес, ниту приватен, ниту на памет ми паѓаше такво нешто. Информациите не завршуваа кај мене, туку во партијата“,

рече сведокот.

На наредното рочиште закажано за 10 октомври одбраната треба вкрстено да го испрашува Верушевски.

Во предметот со кодно име „Таргет-Тврдина“, отворен од СЈО, обвинети се поранешниот началник на Петтата управа во МВР, Горан Грујевски, поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, поранешниот директорот на УБК Сашо Мијалков, Никола Бошкоски, Тони Јакимовски, Владимир Варелов од УБК и уште пет други лица.

Според обвинението биле следени над 20.000 граѓани во перидот од 2008 до 2015 година и над 4.000 телфонски броеви без судски налог.

Извор: 360 степени

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања