Во СВР Скопје, 68-годишен маж пријавил дека во периодот од 23.03.2023 до 16.04.2024 бил измамен од женско лице Т.П.Н. Според пријавата, таа се претставила како осигурителен брокер вработена во правен субјект и му понудила полиси за осигурување за неговиот недвижен имот во Скопје и во Дојран.
Како што пријавил, на трансакциска сметка платил 33.875 денари, а дополнително ѝ предал 15.000 денари во готово. Откако не ги добил осигурителните полиси, сфатил дека бил измамен.