Промени тема
Контакт

Верувам дека со локалната власт ќе успееме да го подигнеме квалитетот на образованието во нашата земја, вели Шаќири

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
image2022-06-17115104084

Нашата мисија е да обезбедиме еднакви услови за сите ученици во Македонија, а истовремено да ги следиме светските образовни трендови. Верувам дека со локалната власт, нашите меѓународни партнери и сите донатори ќе успееме да го подигнеме квалитетот на образованието во нашата земја, изјави министерот за образование и наука, Јетон Шаќири.

Како што соопштуваат од Министерството за образование и наука, министерот Шаќири, заедно со заменик министерот за образование и наука, Лулзим Алиу, денеска го посетиле ПОУ „Никола Карев“ во село Нерово, општина Крушево, каде е во тек реконструкцијата на кровната конструкција и фискултурната сала во училиштето.

— реклама —

– Динамиката на реконструкцијата на кровот и спортската сала беше забавена поради временските услови, но верувам дека најдоцна до месец ноември градежните работи ќе бидат завршени. За оваа инвестиција се издвоени околу 10 милиони денари од буџетот на МОН, изјави Шаќири.

— реклама —

Министерот потенцирал дека со градоначалникот на општина Крушево и раководството на училиштето, разговарале и за учебната година која заврши пред неколку дена, за идните планови и заедничките инвестиции во образовниот процес.

— реклама —

– Морам да напоменам дека ова не е единствената инвестиција која МОН ја спроведува во општина Крушево. Во завршна фаза е и реконструкцијата на училишната зграда на ООУ „Кирил и Методиј“ во селото Бучин, за што се издвоени над 5 милиони денари, рече Шаќири, додавајќи дека е планирана и реконструкција на училишниот објект на ООУ „Кирил и Методиј“ во село Пресил.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања