Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Весна Бејби Петрушевска со поддршка за Радуловиќ: Педофилот нема професија. Изопаченоста и нивната потреба да се задоволат сексуално е посилна од макар малата помисла на нивните жртви

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
siluvanje

Актерката Весна Бејби Петрушевска се огласи на социјалните мрежи по апсењето на српскиот режисер, сценарист и учител по глума Мирослав Мика Алексиќ осомничен за силување и за сексуално злоставување.

— реклама —

Петрушевска преку отворено писмо ѝ даде максимална поддршка на младата српска актерка Милена Радуловиќ која собра храброст да го пријави настраниот професор.

-Милена има 26 години, глумица е (патем одлична ) со својата изјава дека била сексуално злоставувана од својот учител по глума е повеќе од храбар чекор. Доста со глупавите прашања: Зошто сега? Само жртвата има права да одмолчи! Само жртвата има право да одлучи кога ќе сака да каже! Приказната е монструозна и со длабоки и немерливи последици. На крајот, Милена е извонредно општествено одговорна личност. Нема компромис за предатори, дали тој бил учител по глума (што ја прави оваа околност многу страшна затоа што децата сонуваат и учат на актерска игра) или било која друга професија. Педофилот нема професија. Изопаченоста и нивната потреба да се задоволат сексуално е посилна од макар малата помисла на нивните жртви кои во голем процент завршуваат со самоубиства. Тоа се бројките! Во животот на жртвата се преплетуваат несигурност, недоверба, секогаш се сомничави дали се доволно добри, преземаат улога на виновни (знаејќи дека не се).. ниту една жртва на педофил не е виновна, тој само ја искористува својата предност – напиша Петрушевска.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања