Промени тема
За нас
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев

Весна Ѓиновска Илкова до Заев: Помогнете да ја исправиме неправдата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
36447300_10217519362642214_4497387721681010688_n

Отворено писмо до премиерот Зоран Заев од оперската првенка Весна Ѓиновска Илкова

— реклама —

,,Почитуван премиер, поради фактот што синдикатот на Национална Опера и Балет НЕ се избори за нашата положба за изедначување на оперските првенци, хорот, оркестарот , режисерите, сценските работници…со балетската фела,во мојата институција постои огромно незадоволство.

Ние како репродуктивни уметници ја создаваме нашата работа на сцената,во моментот, овде и сега. И секоја изведба е различна. Нема вистинска реприза.

— реклама —

Вршиме иста дејност, иста работа, подеднаква тежина. Дотолку повеќе што се броиме на прсти ние кои имаме и меѓународни кариери.

Носиме голема тежина на работата, големи стресови и одговорности за оправдување на секоја позиција.

Понатаму, хорот и оркестарот се единки без кои не можеме да направиме ништо.

И тие се обесправени, и јасно е нивното незадоволство.

Диригентите се тие кои ја водат целата музика на сцената. Режисерите се тие кои исто создаваат своја слика на сцената.

Комлексна е нашата работа , Ве уверувам.

Сега сме оставени да се бориме сами и верувам ќе имаме разбирање.

Не сакам веќе поделби. Доста беше.

Реагирано е на сите инстанци. И до министерството, и до владата.

Во трка со времето, Ви се обраќам јавно.Борец сум во животот и на сцената.

Помогнете да ја исправиме неправдата.

Со почит,

Весна Ѓиновска Илкова првенец,

магистер и редовен професор на ФМУ“-се вели во отвореното писмо.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања