Пејачката Весна Змијанац, откри дека заработила највисок хонорар во 1990 година на настап во Софија, така што секогаш е среќна да се врати во бугарската престолнина, а за парите што ги зела тогаш, можела да ги купи три стана на Кнез Михајлова во Белград.
Весна вели дека во Софија секогаш се чувствува како дома, а ја препознаваат на секој чекор на улица, па со задоволство застанува да се фотографира со минувачите.
„Секогаш со нетрпение чекам да пеам во Софија или каде било во Бугарија бидејќи таму се чувствувам како дома. Кога шетам, луѓето ми приоѓаат да сликам, исто како и тука, и јас секогаш сакам да одам таму. Имам најдобро сеќавање од концертот што го одржав во 1990 година, бидејќи атмосферата, сама по себе, беше прекрасна. Не сакам да зборувам за пари, ретко зборувам за тоа, но тогаш заработив многу пари. По враќањето можев да купам три стана на Кнез Михајлова“ - вели Весна