Главните уредници на медиумите во државата вчера на брифинг од страна на министри во Владата беа информирани за најновите случувања поврзани со опасностите од коронавирусот и мерките што ги преземаат надлежните органи. Општа констатација на надлежните е дека најголема штета во сегашните околности прават граѓаните што не се одговорни и не остануваат во самоизолација, за што има и голем број примери. Да биде парадоксот уште поголем, токму за еден таков случај можеа да се уверат сите присутни кога еден од присутните новинари потврди дека бил во контакт со инфицирано лице од корона, но тестовите што потоа ги направил биле негативни за него, Објави Нова Македонија.
Текстот во целост на: Нова Македонија