Промени тема
Контакт

Вештачењето за најголемиот проблем против Камчев е готово: Империја пред обвинение

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
orce-kamcev

Истрагата за “Империја”, во која меѓу осомничените се и Сашо Мијалков и Орце Камчев, влегува во завршна фаза, бидејќи пред два дена заврши вештачењето, извршено од страна на економските експерти. Вештачењето траеше неколку месеци, поради обемната документација.

-Во врска со предметот “Империја”, ве информираме дека во текот на вчерашниот ден е пристигнато вештачењето и истото е предмет на проучување и анализа од страна на предметниот обвинител, ни одговорија од Обвинителството.

Вештачењето го вршеа петмина професори, чии имиња се чуваа во тајност, поради стравувања за притисоци. Според обвинителството, станува збор за комплициран предмет, со над 80.000 страници документи.

Деновиве исто така на исказ во обвинителството биле повикани осомничените, но и сведоци.

— реклама —

-Во меѓувреме се преземаат и други процесни дејствија во насока на расветлување на случајот, се прибираат материјални докази и се повикуваат лица во својство на сведоци и осомничени, велат од Обвинителството за “Фокус”.

Овој случај го отвори СЈО, а истрагата ја водеше обвинителката Лиле Стефанова. Откако предметот премина во редовното обвинителство, и се приклучи и колешката Гордана Смаќовска.

— реклама —

ШТО ОТКРИ СЈО?

Додека предметот беше во СЈО, „Фокус“ објави детали за истрагата, која беше во напредна фаза. Тогаш, по само три месеци истрага, од СЈО открија дека имаат голем број на материјални докази, неколку сведоци, легално прислушувни разговори на дел од осомничените, со кои ја разоткриваат криминалната шема, а со која наводно осомничените, меѓу кои Орце Камчев и Сашо Мијалков, переле пари, на штета на државата, а во корист на сопственото банкарско салдо. Дотогаш сомнежот беше дека се „испрани“ или злоупотребени околу 10 милиони евра.

— реклама —

 

Прочитајте повеќе на ФОКУС.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 11 месец

— реклама —
media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 11 месец

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 11 месец

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 11 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања