Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Вештачката интелигенција ги презема и подкастите: Расте загриженоста во индустријата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 часа -

Магазин
media-librarytchj90orfs312X2Dkvf
фото: unsplash

Вештачката интелигенција не ѝ се заканува само на музичката индустрија, туку полека ги презема и подкастите што ги водат луѓе, а во индустријата расте загриженоста поради новиот тренд.

Според податоците на платформата Подкаст индекс, околу 39 отсто од новите подкасти во периодот од изминатите девет дена веројатно се генерирани со помош на вештачка интелигенција, пренесува „Блумберг“.

— реклама —

Податоците укажуваат дека во период од само девет дена се креирани 10.871 нови подкаст RSS фидови, од кои се проценува дека околу 4.243 ги направила ВИ.

— реклама —

Еден од најистакнатите играчи во овој тренд е компанијата Инсепшн поинт АИ, која наводно објавува околу 3.000 епизоди неделно, со што значително ја зголемува количината на содржина на подкаст платформите.

— реклама —

Основачот на Подкаст индекс, Дејв Џонс, го оцени овој тренд како „апсурден“, укажувајќи на брзината и обемот на растот на ВИ-содржината.

Поединечни креатори, како претприемачот Адам Леви, веќе развија модели засновани исклучиво на ВИ-продукција, со планови за десетици нови епизоди подкасти месечно и автоматско креирање придружни текстови.

Новиот тренд отвора и сериозни прашања, бидејќи платформите се соочуваат со дилема како да ги означат и уредуваат ВИ-содржините, а многумина не се сигурни дали да ја вклучат во системите за огласување.

„Епл“ бара од авторите да означат содржина генерирана од ВИ, додека „Спотифај“ сè уште нема прецизни насоки, иако применува општи правила за измамничка содржина.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања