Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Вевчани подготвено за карневалот, годинава под мотото „Напрај се василичар“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
karneval-vevcani

Вевчани е подготвено да биде домаќин на карневалот кој ќе се одржи на 12, 13 и 14 јануари. И оваа година Вевчанци подготвени за денот кога се спојуваат два света – паганскиот и современиот.

Програмата оваа година ќе започне на отворена театарска сцена каде ќе бидат споени паганските обреди и современиот свет. Новина за оваа година ќе биде подготовката на традиционална храна од Бранко Попоски.

— реклама —

Како и секоја година, и како што налага традицијата маските се чуваат во тајност една година  и истите ќе бидат обелоденети на 13 јануари, а утреденета според паганските ритуали ќе бидат изгорени за да се уништи злото.

Градоначалникот на општината Вевчани, Јанковски вели дека и покрај тоа што општината не ги подготвува маските, побарала организаторите да бидат внимателни и да не предизвикуваат провокации како пред неколку години кога преку маските, облеката и импровизацијата беа навредувани Албанците и муслиманите воопшто.

— реклама —

Традицијата на Вевчанскиот карневал трае 14 века. Со манифестацијата се одбележува христијанскиот празник Свети Василиј Велики, односно доаѓањето на новата година по стариот календар.

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања