Несреќата во која загина 20-годишниот Милан Мукоски, син на експратеникот Крсто Мукоски, го потресе Вевчани. Младото момче ќе биде погребано утре. Вевчанци се простуваат од него и преку социјалните мрежи.
„Последен поздрав на нашјот Милан Мукоски ќе му се оддајт утре од 11:00 до 13:00 сатот во храм Св.Вмч. Варвара. Наместо со топанине - со свешта. Наместо на визиќе - на погреб. Никваш да не се повторит вакво сценарио за Вевчани! Почивај во мир Милан. Да си најш мир во небесата а твоето семејство да најт сила“, пишуваат вевчанци.
Сообраќајката се случи ноќеска, еден час по полноќ.
„На 13.01.2024 околу 01.20 часот во СВР Охрид, било пријавено дека на регионалниот пат кон Вевчани, во близина на село Подгорци, струшко, патничко моторно возило „ауди“ со вевчански регистарски ознаки, управувано од М.М. (19) од Вевчани излетало од коловозот. Во несреќата на местото на настанот починал возачот. Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од ПС Струга“, кажаа од МВР.
Вевчани беше завиено во црно.
Вевчани за Василица завиено во црно: Откажан концертот, маскирани по улиците речиси да нема
Вевчани потресено од трагедијата која се случи ноќеска, откако во сообраќајка загина Милан Муковски, жител на општината и син на експратеникот Крсто Муковски. Годинешнава Василица нема да биде како минатогодишните. Скоро и да нема маскирано лице по улиците.„Поради трагедијата која се случи вчера во Вевчани, во сообраќајна несреќа ни погина млад член на Вевчани, можете да забележите и сами, учиците во Вевчани на 13 јануари никогаш не биле во ваква состојба. Скоро се празни. Скоро и да не забележав маскирано лице. Вевчани сме мало место, сите сме како една фамилија. Вакви немили настани не потресуваат. Вечерашниот концерт, забавниот дел е откажан. Мислам дека нема да има учесници“, вели Спасе Кочовски, градоначалник на Вевчани.Некои ресторани нема да работат, некои ќе работат без музика.„Вевчани овој ден го чека цела година, но не на ваков начин. Имавме средба со василичарските друштва од горна и долна маала, сега традицијата ќе продолжи онака како што ќе продолжи. Дефилето ќе се одржи во некоја минимална состојба. Кој ќе учествува – ние не можеме да влијаеме. Ваква никогаш не било. Сами забележавте дека маскирано лице немаше низ улиците“, додава тој.
Македонија | пред 2 години
Местото беше непрепознатливо за Василица.
Не го препознавам Вевчани, жалам за трагедијата, сочувство до фамилијата Муковски, рече министерката Стојчевска
Улиците на Вевчани се празни, а министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска посочува дека општината не ја препознава во вакво светло. Изрази сочувство до семејството на експратеникот Крсто Муковски, чиј син Милан, загина во сообраќајна несреќа.„Не го препознавам Вевчани вакво. Навистина ми е жал за трагичниот настан. Би сакала да изразам сочувство до фамилијата. Јас за жал знам како изгледа таа болка. Дојдов со градоначалникот да видиме што ќе се случува. Знам дека ситуацијата е неизвесна. Она што ќе одлучат граѓаните на Вевчани да се случува, тоа и ќе се случува. Од наредна година, традицијата ќе продолжи понатаму“Вевчани потресено од трагедијата која се случи ноќеска, откако во сообраќајка загина Милан Муковски, жител на општината и син на експратеникот Крсто Муковски. Годинешнава Василица нема да биде како минатогодишните. Скоро и да нема маскирано лице по улиците.
Македонија | пред 2 години