На 12-ти септември 2019 година, во 11:30 часот на регионалниот пат Струга-Дебар, кај селото Велешта, се случила сообраќајна незгода во кое е потешко повредено едно лице од Вевчани.
– Незгодата се случила помеѓу патничко возило марка „Сеат“ со струшки регистарски ознаки, управувано од страна на 30-годишниот А.В. од Струга и патничко возило „Форд“ со вевчански регистарски ознаки, управувано од 24-годишната М.Д. од Вевчани. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила М.Д. и била пренесена во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид. Со телесни повреди се здобиле сопатниците во возилото „Форд“, 60-годишниот А.Д. од Вевчани и А.В., по што биле пренесени во Медицинскиот центар во Струга. Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Струга, информираат од МВР.