На терен се појавува потреба и да се истражи ситуацијата за после рушење објети во Струшко и Охридско повторно да има рушење за барање и спасување настрадани од катастрофа. Тоа е неминовност за да се спасуваат човечки животи, особено ако има затрупани и заробени во рушевини. Тоа е дел од сценариот на претстојната есенска НАТО вежбата „Северна Македонија 2021“ во коорганизација на нашиот Центарот за управување со кризи во Охридско-струшкиот регион, којшто е и домаќин на вежбата во име на државата.
Токму заради таквото спасување животи на настрадани при комбинарани катастрофи – земјотрес и поплава, според сценариото на вежбата, денеска теренски се реализираа дел од подготовките за претстојната есенска НАТО. Беа посетени конкретни работни плански места што се точки со конкретни објекти сценариа со извежбување на конкретни субјекти од системот за управување со кризи, при што теренски се планираат деталите за барање и спасување, поддршкат и логистиката, цивилно – воената координација, искустено осознавање и работа преку виртуалната реалност, можностите за прекуграничен транспорт во спасувачки мисии, употреба на НИКС – Напредна генерација Команден систем за управување со инциденти што Центарот за управување го развива во Македонија и во Регионот и други можности и ситуации важни при координирана акција при катастрофи.


фото: ЦУК