На прашањата од ВМРО ДПМНЕ одговор од Вице Заев. Во дописот до медиумите ги повикува ВМРО ДПМНЕ ако има докази за она што го тврдат тогаш да ги пријават во обвинителство.
-Јас сум подготвен да одговарам, вели Вице Заев во реакцијата. Но ако немаат ништо од тоа, како и што сум сигурен дека немаат, тогаш еднаш засекогаш треба да се стави крај на импровизациите во политиката, етикетите, подлите лаги и напади и омрзата која ја внесуваат со години наназад. Партиската говорница не смее и не може да биде заштита за секојдневните лаги и шпекулации затоа секој ќе мора да го докаже тоа што го тврди на суд. Јас Вице Заев, се вели во реакцијата, не сум јавна личност, сум избрал да водам приватен живот, далеку од очите на јавноста и од политиката во која упорно сакаат да ме инволвираат. Ниту одлучувам, ниту можам да одлучувам за нешто. И сега и во иднина, за секоја ваква лага ќе мора секој да се појави пред суд, да го докаже тоа што го тврди во јавноста или да ја надомести големата штета што ми се нанесува .